Бизнис воден од вредности

Започнување и развивање на сопствен бизнис

Апликација - Фаза I, 2019

Основни информации:

 

Кога: Обуката ќе се одржи во пет средби: 9ти, 16ти, 30ти октомври, 6ти и 13ти ноември. 

Време: Секоја средба ќе трае околу 4 часа, почеток 17.30ч до 21.30ч

Локација: ЈАВНА СОБА - Центар за дизајн и иновации - ул. 50та дивизија, 22, 1000 Скопје

Цена: 1500 денари вкупно за 20 саати предавање / активности во Фаза I. (Реалната цена е доста повисока, одлучивме да ја субвенционираме заради поширока пристапност)

Предавања/активности: Фаза I ќе се одржи на македонски јазик, додека Фаза II и III на англиски со превод.

Предавачи: Домашни и странски предавачи со искуство во оваа област. Ќе доаѓаат и гости предавачи кои ќе ги споделат нивните успешни и неуспешни приказни.

 

Придобивките од првата фаза на проектот се следните:

 

  • Ќе научите принципи потребни за започнување и менаџирање нов бизнис

  • Ќе слушнете за докажани принципи за водење на бизнисот

  • Ќе научите за начините кои ги прават бизнисите успешни и неуспешни

  • Ќе откриете зошто вредностите се важни во бизнисот

  • Ќе почнете да развивате одржлив бизнис план кој ќе можете да го користите при барање финансии/инвеститори

Краток опис на проектот

 

Проектот има за цел да ги инспирира и обучи кандидатите да започнат бизнис воден од вредности, кој нуди одлични производи и услуги за потрошувачите во исто време се општествено одговорни.

Бизнисот треба да биде:

  • Финансиски профитабилен и одржлив

  • Воден според јасни приниципи

  • Да води кон процвет на бизнисот, сопственикот, вработените и целото општество

Во кратки црти, ние сакаме да им помогнеме на луѓето да започнат нови или да ги развијат веќе постоечките бизниси во организации кои се финансиски, социјално и општествено профитабилни.

Тренерите се бизнисмени со меѓународно искуство, особено во втората и третата фаза. Ќе имаме гости предавачи кои водат бизниси во Македонија за да го споделат нивното искуство. 

 

Преглед на програмата по фази

 

Проектот Бизнис воден од вредности е составен од три фази:

Фаза I (октомври-ноември 2019) - Во првата фаза кандидатот ќе се запознае со основите за започнување и управување на бизнис. Зошто вредностите се битни за водење на бизнисот и составните делови на бизнисот како што се маркетингот, финансиите, услужувањето на потрошувачите и деловна комуникација со партнерите.  Максимален број на учесници - 25.

 

Фаза II (март 2020) - Во втората фаза тие што ќе ја завршат домашната задача од првата фаза и успешно се квалификуваат ќе бидат поканети да напишат бизнис и финансиски план со подучување и помош. Бизнис идеја произлегува од кандидатот што ја развива.

 

Фаза III (април 2020) - Учесниците со подготвени бизнис и финансиски планови ќе учат како во реалноста ќе се започне и развива бизнисот според докажани бизнис принципи. На крајот од оваа фаза ќе има и план за акција, со чекори на акција со соодветни датуми за секој учесник. Дополнително, неколку бизниси ќе добијат можност за микро-кредитирање, во форма на заем. Критериумот за селекција ќе биде опишан во првите две фази.

Проектот има почетен фонд за финансирање на неколку микро или мали бизниси. Целта е да се развие долготраен револвинг фонд за заеми за поддршка на идни бизниси, како и локална група на волонтери / тренери кои ќе помогнат во започнување на бизниси во следните години преку повторување на фазите I до III секоја година.

 

Аплицирање 

(Линк до апликацијата)

Опис на идеалниот кандидат:

  • Одговорен, флексибилен, упорен и подготвен да работи посветено при започнување на нов бизнис или да го развие постоечкиот

  • Подготвен да учи и да се адаптира

  • Се стреми кон личен и професионален раст

  • Со една или повеќе бизнис идеи

  • Без идеи, но спремен сам да генерира идеи :)

  • Со претрпиемнички дух - подготвен да превземе ризик, да проба нови идеи и да работи заедно со други

 

Линкот до апликацијата за Фаза I од проектот „Бизнис воден од вредности“ можете да го најдете тука.

Сите прашања во формуларот мора да бидат одговорени. Нецелосни пријави нема да се разгледуваат

За било какви прашања поврзани со проектот или апликацијата може да се обратите на mihajlo@linkacross.org или 076/450-885.

Важна забелешка: Има ограничен број на учесници во првата фаза - 25. Ве молиме да ја пополнете апликацијата најдоцна до 6-ти октомври 2019 година. Кандидатите за програмата ќе бидат известени најдоцна до 8-ми октомври, 2019 година.

Што е бизнис воден од вредности?